Градски дуел за Каи

72

Лутите градски ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Каи Хавертц.

Англиските медиуми открија дека раководните лица на Сити и Јунајтед веќе седнале на преговарачката маса со тие на Леверкузен, кои сакаат да го задржат Хавертц до крајот на актуелната сезона. Сепак, играчот ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина до колку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 130 мил. евра.