Градските ривали во клинч за Телес

74

Лутите градски ривали од италијанската Серија А, Милан и Интер, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Алекс Телес. Офанзивниот бек нема статус на стандарден првотимец и серизоно ја разгледува и опцијата за промена на средината веќе во јануари. Поранешниот фудбалер на Порто е проценет на околу 20 мил. фунти.