Градската администрација ќе добие поголеми плати за 2.800 денари

30

Вработените во градската администрација ќе добијат линеарно зголемување од 2.800 денари, освен оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор.

-Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата за 2.800 денари на сите административни службеници, на вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО.

 -Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, потенцираше Арсовска.