Градот Скопје по 18-ти пат е домаќин на Скопскиот Маратон

65
Над 8.500 учесници од 47 земји низ светот се пријавени на Скопскиот Маратон, што ќе се одржи в недела, 2 октомври, во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, соопштија денеска градските власти.
Скопскиот Маратон се организира и со поддршка на бројни спортски клубови и асоцијации, а под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија.
-Градот е горд што по 18-ти пат е домаќин на Скопскиот Маратон. Покрај тоа што финансиски ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација, која ги промовира градот Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, исто така овозможуваме и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на годинешниот скопски маратон, се наведува во соопштението на градските власти.