Градот Скопје испрати екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп

77

Kако првична и интервентна мерка Град Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

Како што информираа градските власти, на утрешната седница на Советот на град Скопје е предложена и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија.

-Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, Град Скопје го става на располагање – нагласуваат градските власти.