Градоначалниците Марин и Наумоски на работа дојдоа без автомобил

66

Градоначалниците на општините Аеродром и Ѓорче Петров, Златко Марин и Александар Наумоски доследно ги почитуваат интервентните мерки за намалување на загадувањето и на работа дојдоа без своите автомобили.

 

– Ги почитуваме воведените мерки и од работа се ослободени седуммина вработени од критичните групи. Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот Марин, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места, велат од општина Аеродром.

И градоначалникот Наумоски ги испочитува мерките, па до своето работно место се возеше со јавен превоз.

– Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби – напиша Наумоски на својот фејсбук-профил.