Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во Москва, потребно е да се вакцинираат до седум милиони луѓе.

– Мора да вакцинираме 6-7 милиони луѓе во иднина, а тоа не може веднаш да се започне. Потребно е постепено да се влезе во тоа и да се развијат механизми за дигитално регистрирање и логистика на движење … испорака, складирање, рече Собјанин во интервју за ТВ Русија 1.

Собјанин потсети дека Москва прва се приклучи на големата програма за вакцинирање против Ковид-19.

Во Москва се отворени 70 пунктови за вакцинација, а следниот месец нивниот број ќе се зголеми на 170. Во моментов, вакцинацијата е достапна за вработените во градските, федералните и приватните медицински организации, вработените во образовните институции и градските социјални служби.