Градоначалникот Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК ,,Тиквеш 2014″ Кавадарци

112
Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК „Тиквеш 2014“ од Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот.
-Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка што тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот, значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци. По тој повод како благодарност, од нивна страна градоначалникот Митко Јанчев доби уникатен подарок, дрес со посвета, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму додадоа дека Јанчев им честитал за досегашните успеси и им посакал многу среќа во иднина.
 – Бидејќи се сериозен кандидат за излез во Европа, да продолжат да се редат успеси. Бидејќи Кавадарци е спортски град, а клубот заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува   во највисоката ракометна лига, нагласија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.