Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

157

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. На средбата, на амбасадорот му беа презентирани стратешките планови и приоритетни проекти, со посебен акцент врз потенцијалите со кои располага Општина Кисела Вода.

– Заеднички се дискутираше околу сферите каде е можна подддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните. Посебен акцент се стави врз образовниот процес и инвестициите на полето на културата. Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот дека во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” факултативно се изучува италијанскиот јазик, а потоа разговараа околу обезбедувањето на ваква можност и за учениците од другите основни училишта во Кисела Вода – информираат од општина Кисела Вода.

Градењето на блиски релации преку зајакнување на соработката е од голема важност, на крајот од средбата, потенцираа соговорниците.