Градоначалникот Темелковски ќе ги слушне потребите и барањата на жителите

184

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со цел да ги слушне предлозите, потребите и барањата на жителите на Кисела Вода, од утре па се до крајот на овој месец ќе ги посети сите месни и урбани заедници.

Средбите ќе се одвиваат по следниот распоред: утре: МЗ „Припор“ со почеток во 18 часот и УЗ „Кисела Вода“, во ООУ „Круме Кепески“, со почеток во 19.15 часот, во вторник, УЗ „Драчево“ во ООУ „Климент Охридски“ , со почеток во 18 часот и во УЗ „Драчево“, со почеток во 19.15 часот. Во среда, градоначалникот ќе ги посети месните заедници Усје и Стакларница, а средбата ќе се одржи во МЗ  Усје, со почеток во 18 часот, како и МЗ Пинтија, во самата месна заедница, со почеток во 19.15 часот. Во четврток, градоначалникот ќе ги посети урбаните заедници „Пржино“, во  просториите на самата урбана заедница, со почеток во 18 часот, како и урбаната заедница „Црниче“, во нејзините простории, со почеток во 19.15 часот.

На 28 октомври, градоначалникот Темелковски ќе ги слушне потребите и барањата на урбаните заедници Цветан Димов и Биорарија и тоа во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 18 часот, како и предлозите и барањата на жителите од урбаната заедница 11 Октомври-згради, со почеток во 19:15 часот.

И на 29 октомври, градоначалникот Темелковски ќе ги слушне предлозите и барања на жителите од урбаната заедница „Расадник“ во поросториите на заедницата, со почеток во 18 часот., како и  на жителите од урбаната заедница 11 Октомври-бараки, во просториите на оваа урбана заедница, со почеток во 19:15 часот.

Од овие средби, кои ќе се одржат во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните ќе произлезе и носењето на Буџетот за 2020 година.