Градинките во Гази Баба ги отворија вратите

64

Градинките во општина Гази баба ги отворија вратите за дечињата. Градоначалникот Борис Георгиевски упати благодарност до сите вработени во детските градинки кои викендот и овие денови забрзано ги завршуваа подготовките за почеток со работа на детските градинки.

Обележани се патеките за движење, поставени се пунктовите за дезинфекција, а ЈКП „Гази Баба 2007“ викендов изврши дезинфекција, косење и уредување на дворовите во објектите од детските градинки.

– Вас драги родители ве повикувам да ги подготвите дечињата со новиот предизвик и максимално да се придржувате до донесените протоколи за работа на детските градинки, бидејќи од сите нас заедно зависи нивната безбедност – информира Георгиевски.