Градинката „Детелинка“ со три нови занимални

62

Покрај изградбата на детската градинка во Волково која е во полн ек и е со капацитет за 200 деца, се прошируваат и капацитетите на градинката „Детелинка“ во урбаната заедница „Мирче Ацев“. Се градат три нови занимални, со што, капацитетот се проширува за 90 места.

– За  14 месеци жителите на овој дел од Ѓорче Петров ќе добијат место повеќе за своето дете. Нашата цел е да ги опфатиме децата во предучилишното образование за 90 проценти, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамошниот развој на децата – потенцира градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.