Градежници и лекари најбарани во Германија

157

Градежништво и здравство се двата сектори во кои најмногу фалат работници во Германија. Во земјата се потребни 1,2 милиони стручни работници.

Оној кој сега во Берлин се обидува да најде мајстор, знае колку работи би можеле да се завршат ако има повеќе стручна работна сила, вели министерот за работа, Хубертус Хеил.

Со новите законски прописи, ќе се реши проблемот со луѓето кои немаат легален престој во земјата. Тие ќе можат привремено да останат, под услов да работат, да го говорат германскиот јазик и да не се казнувани.