Старлетата Ким Кардашијан и пејачот Кање Вест се разведоа, а за тоа можеби е виновен еден од најпознатите НБА кошаркари на денешницата – Крис Пол.

Вест на социјалните мрежи ја обвини поранешната сопруга дека го изневерувала со НБА ѕвездата, ветеран кој моментално игра за Феникс Санс.

  • Го фатив ова момче со Ким. Добра ноќ, напиша Кање Вест, а неколку часа подоцна неговиот твитер-профил, по којзнае кој пат беше суспендиран.

Ова крена голема прашина бидејќи Крис Пол е во брак со Џејда Кроули од 2011 година и со неа има две деца – Кристофер Емануел Пол II и Камрин Алексис Пол. Сепак, по ова тој не се огласи, а не се огласи ниту ријалити ѕвездата и поранешната сопруга на Кање.

Крис Пол сезонава игра сè помалку, но сепак има договор за уште три сезони вреден речиси 90 милиони долари.

Инаку профилот на американскиот рапер беше неколку пати суспендиран поради кршење на правилата на платформата за социјални медиуми.

Во октомври, раперот кој законски го смени своето име во Је, Твитер и Инстаграм го суспендираа неговиот профил поради неговите антисемитски изјави на социјалните мрежи. Је е критикуван откако јавно даде низа антисемитски коментари во последните неколку недели, вклучувајќи го и фалењето на Хитлер при гостувањето на телевизиското шоу на екстремно десничарскиот теоретичар на заговори, Алекс Џонс.