Канадскиот кошаркар Дилон Брукс (26) оваа сезона игра одлично во дресот на Мемфис и просечно бележи по 18 поени на натпревар во НБА- лигата, но вниманието на себе го привлече со една афера.

Имено, една од неговите поранешни девојки го обвини дека е геј и дека моментно е во врска со Биг Бамбина, трансродова личност која редовно ги следи натпреварите на неговиот тим. Според информациите што се појавија во САД, Биг Бамбина е транссексуалка и двајцата веќе некое време ја кријат својата врска од јавноста.

Брукс е во НБА од 2017 година и ова не е прв пат да зборуваме за неговата сексуална ориентација. Претходно се шпекулираше дека изневерил една од бившите девојки со трансродова личност, но извори блиски до него го демантираат тоа. Иако Дилон не се огласи тогаш, беше јасно дека мислеше дека аферата ја наместила девојката со која се разделил.

Сепак, канадскиот кошаркар и еден од најдобрите играчи на Мемфис повторно се најде во сличен проблем.

Шпекулациите дополнително се вжештија бидејќи покрај на фотографиите од салата во која игра тој, таа позирала и во стан за кој се верува дека е негов. На една од сликите е прикажано кучето кое Дилон често го објавува на социјалните мрежи. По бројните настани изминатиот период, Канаѓанецот реши да се повлече. Тој го заклучи својот инстаграм-профил, кој го следат речиси 130.000 луѓе, додека Биг Бамбина сè уште ја користи таа платформа.