Холандскиот велосипедист Фабио Јакобсен имаше интересен дуел со публиката на велосипедската трка Вуелта Аргентина. При влегувањето во целта, еден од навивачите ја испружи раката на патеката за подобро да ги сними и фотографира натпреварувачите, но во тој момент Јакобсен налета на него.

Несмасниот навивач со мобилен телефон го удри Јакобсен во глава, кој беше во полн спринт. Интересно, тој момент го одвлече вниманието на Јакобсен во последниот спринт и тој ја загуби првата позиција. На крајот Семјуел Веслфорд стигна до првото место.

По овој момент, Јакобсен не го криеше разочарувањето и ги обвини организаторите на трката што им дозволија на навивачите покрај патеката толку да се доближат до натпреварувачите кои беа во полна брзина.

Јакобсен остана без првото место, а навивачот без мобилен телефон. Сцената што ја одбележа споменатата етапа, но и целата трка.  Инаку, аргентинската Вуелта е направена по моделот на познатата шпанска трка Вуелта, но таа е многу пократка.