Го сакам како тренер, но не и како човек

126

Легендарниот камерунски фудбалер, Самуел Ето, имаше и повеќе од интересна кариера. Три години играше за Реал (М), потоа четири сезони за Мајорка, а од 2004 година беше дел од каталонскиот гигант Барселона. Цели пет сезони престојуваше на „Ноу Камп“ и освои сè што можеше да се освои.

Во последната сезона во дресот на Барса беше трениран од Пеп Гвардиола, а го постигна и првиот погодок во финалниот натпревар од Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед.

Неколку месеци подоцна, Ето беше продаден на италијанскиот калчо гигант Интер. Во полуфиналниот дуел „нероазурите“ беа подобри од Барселона, а предводникот на Интер, Жозе Мурињо, го збуни фудбалскиот свет откако го постави Ето на бековската позиција.

Камерунецот никогаш не му прости на Гвардиола затоа што се откажа од неговите услуги и го испрати во Милано како дел од трансферот на Златан Ибрахимовиќ.

  • Го сакам Гвардиола како тренер, но не и како човек. Од него научив многу кога е во прашање фудбалската игра. Имаше многу работи кои ги правеше подобро од останатите тренери. Нема подобар од Пеп, но нормално и најдобрите понекогаш можат да загубат, изјави Ето.