EPA/SERGEY CHIRIKOV EPA/SERGEY CHIRIKOV

Иако минатата недела Оксана Домнина, сопругата на поранешниот олимписки шампион Роман Костомаров, во интервју изрази уверување дека познатиот лизгач сигурно ќе закрепне од ужасната здравствена состојба што го снајде, најновите спортски вести од Русија го кажуваат сосема спротивното.

Новинската агенција „РИА Новости“ објави дека „дошло до нагло влошување на здравствената состојба“ на познатиот спортист, кој, според извор кој сакаше да остане анонимен, „од болеста сега делумно е зафатен и неговиот мозок“.

Минатата недела, откако лекарите му ги ампутираа стапалата поради гангрена, Костомаров остана без неколку прсти, а во петокот неговите роднини објавија дека состојбата се подобрува. Но, оваа недела „ситуацијата драстично се променила“, пренесува „РИА Новости“.

  • Дел од мозокот е зафатен. Има излив на крв, се појави хематом. Ситуацијата е крајно сериозна, пишува рускиот веб-портал.

Пред една недела сопругата ги пофали лекарите, воодушевена од „чудото“, сепак, една недела подоцна ситуацијата драстичноно се променила кон полошо.

  • Од почетокот на годината цела држава внимателно ја следи здравствената состојба на олимпискиот шампион во уметничко лизгање Роман Костомаров. Тој беше хоспитализиран во многу тешка состојба на 10 јануари. Лекарите констатирале пневмонија и го ставиле спортистот на вештачко дишење. Потоа бил префрлен во „Комунарк“, каде што бил приклучен на процедурата на вештачка оксигенација на крвта, која се користи во итни случаи. Роман не се чувствуваше толку лошо, единствениот симптом беше лесна кашлица, која се појави на почетокот на јануари. Тоа не го сфатив како нешто ненормално, бидејќи ние спортистите секогаш работиме, дури и кога сме под температура. Можам и сама да ви кажам дека на 30 декември лежев со температура од 39 и веќе после еден ден одмор имав симптоми. За нас, лизгачите, ова е редовна ситуација, истакна сопругата Домнина.

Меѓутоа, здравјето на нејзиниот сопруг брзо се влошувало, па лекарите веднаш ги известиле роднините и блиските пријатели за можните последици. Здравјето на лизгачот го следеа најдобрите лекари во Москва, кои често одржуваа консултации и бараа најдобри начини да го спасат животот на спортистот.

  • Мојот сопруг имаше многу сериозна, комплицирана ситуација. Сите показатели беа катастрофални, тоа беа бројки со кои обично не се преживува… Но, мојот сопруг повторно се роди, а тоа што сега е со нас е големо чудо и заслуга за лекарите. Нашата радост е голема, бидејќи тоа ни е најважно, истакна тогаш Домнина.

Роман Сергејевич Костомаров е роден на 8 февруари 1977 година, а не само што беше олимписки шампион, туку е и двократен светски и трикратен европски првак.

Тој е еден од „заслужните спортисти на Русија“, а се прослави со настапите со Татјана Навка, додека партнерки му беа и Екатерина Давидова и Ана Семенович.