Поранешната американска атлетичарка Кара Гушер, објави автобиографија наречена „Најголемата трка“ во која ги раскажува ужасните детали за злоставувањето што го претрпела од тренерот Алберто Салазар.

Таа пред неколку години го обвини својот тренер за сексуална злоупотреба, а сега ги откри грозоморните детали од ужасниот чин.

-Алберто беше толку моќен и никој не се сомневаше во него. А „Nike“ е најголемиот бренд на спортска опрема во светот, му веруваше на Алберто за се што прави и за нашите животи и нашите кариери, рече Гушер, а потоа откри дека злоупотребата се случила за време на „масажата“. што Салазар и ја направи:

-Мислев дека нема шанси така да ме допира, дека е само лош масер, но навистина бев парализирана, не знаејќи што да кажам или како да прифатам тоа што ми се случува. Последен пат го почувствував неговиот прст таму каде што не требаше да биде, се чувствував толку непријатно што го напуштив проектот Орегон и никогаш не зборував за тоа. Не го напишав ова за да ја кренам индустријата на нозе и да засрамам многу луѓе. Чувствувам дека може да биде подобро за новата генерација, заклучи поранешниот спортист.

Гушер е освојувач на два светски и олимписки сребрени медали на 10.000 метри.