Го почнувате денот поспани и без волја, научниците го најдоа решението:Рецепт за полесно будење

112

Често се будите поспани и без волја, а без оглед на тоа колку сте спиеле и понатаму се чувствувате изморени? Научниците веруваат да ја осмислиле совршената формула како секое утро да се чувствувате одморни и свежи.

Тој процес вклучува само три чекори кои ги осмислија некои од најдобрите светски истражувачи на спиењето.

Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Беркли дојдоа до заклучок дека идеаниот „рецепт“ за најдобро будење вклучува трениниг или некоја друга физичка активност ден претходно, појадок богат со јаглени хидрати како овесни снегулки и минимално седум часа со сон. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр комјуникејшнс“, а во него учествуаа неколку стотици луѓе.

Учесниците добивале различни оброци за појадок, притоа носеле часовници кои ја бележеле нивната активност и количество сон, а воделе и дневник на исхрана во период од две недели. Мораче да го бележат нивото на енергија од моментот на будење се до крајот на денот.

Со истражувањето е утврдено дека појадокот со висок удел на јаглени хидрати и малку шеќер бил најдобар оброк за утринско расонување, додека најлоши се покажале оброците полни со шеќер.

„Појадокот богат со јаглени хидрати може да ја зголеми будноста, се додека вашето тело е здраво и способно делотворно да ја реши гликозата од тој оброк, спречувајќи траен скок на шеќерот во крвта“, објаснува Рафаел Валата, еден од авторите на споменатата студија.

Повеќе сон, и тоа од оној квалитетниот, исто така се покажало дека помага кај полесното расонување.

„Количината сон меѓу седум и девет часа сон секоја ноќ е иделана за ослободување на телото од тромавост и успаност, односно од ослабена когнитивнас и сензорно-моторичка способност по будењето“, рече професорот и еден од авторите на студијата Мејтју Вокер.

Исто така, резултатите покажаа дека оние испитаници кои воопшто не вежбале ден претхосно се буделе поизморени од оние кои секој ден имале лесен тренинг или се занимавале со некоја друга физичка активност.