Го одушеви светот: Момче смисли генијална техника за успешен риболов/ВИДЕО

313

Риболовот генерално е дел од културата на многу народи, а покрај стандардната опрема, едно дете решило да ја воодушеви пошироката популација правејќи риболовен инструмент од лесно достапни предмети.

„Pro Fish Hunter“, канал на YouTube посветен на уметноста на риболовот, објави видео за момчето, кое брзо стана вирално.

Детето покажа голема вештина во тоа што го работи. Направил риболовен инструмент користејќи неколку дрвени стапови, празни пластични шишиња, јажиња со куки. А како мамка користеше тесто.

Прво ја одвитка линијата за ловење, ги стави шишињата на стапчиња и продолжи да покажува неверојатна умешност во текот на целиот процес.

По завршувањето на инсталациите, момчето отсуствувало три часа. Кога се вратил, почнал да фаќа риби една по друга, а луѓето своето изненадување го изразиле во коментарите под видеото.

„Неверојатна техника. Тој е толку млад, и веќе одличен рибар, и има неверојатна сила. Сигурно ќе оди далеку во животот“, напиша еден, додека друг додаде:

„Човеку, посакувам да имав ваква мотивација и трпение како дете. Тој е неверојатен“, додаде друг, пренесува cdm.me.