Американската атлетичарка Лоло Џонс (39) е позната по тоа што јавно истакнува дека се уште бара момче со кое првпат ќе биде интимен однос и со кој ќе го помине остатокот од животот.

Триесет и деветгодишната девојка која е многу успешна спринтерка со пречки и возач на боб-санка, долго време ја бара вистинската љубов, но не успева да ја најде.

  • Вечерва го блокирав момчето со кое разговарав осум месеци. Моето срце повеќе не можеше да издржи. Ми даваше различни сигнали. Ќе разговаравме за брак и деца, а потоа ме ставаше во зона на пријателство. Никогаш не сакаше да ме види. Срцето ми се скрши, напиша таа и додаде:
  • Го молам Бога да ме удостои со добар човек. Го молам со години. Дури се молам да ја извади желбата за брак од моето срце ако веќе не сака да ме види во таква ситуација. Навистина го сакам тоа и навистина сакам семејство. Сепак, срцето постојано ми се кине, вели Џонс.

Лоло верува дека се се случува затоа што не сака да има секс пред брак.

  • Ме исмејуваат затоа што не сакам да имам секс пред брак. Момци ми кажуваат дека сум стара и да се откажам од моите принципи. Плачам и се чудам зошто Господ го дозволува тоа кога пишува дека ќе ја исполни секоја желба ако ние искрено го посакуваме тоа со неговото име, додаде Американката.