Легендарниот Квинтон Џексон-Рампејџ остави длабока трага во историјата на ММА-спортот, а публиката го сакаше поради атрактивниот стил и фактот дека беше еден од најзабавните борци. Меѓутоа, приватниот живот не му бил мед и млеко, особено кога станува збор за семејството.

Првиот нокаут го направил не во рингот, туку настрана, а жртва бил неговиот татко, кој бил алкохоличар.

  • Првата личност што ја нокаутив во мојот живот беше татко ми. Имав околу 20 години, можеби една година повеќе.

Татко ми беше алкохоличар. Работев кај вујко ми на градилиште и тој дојде. Ми го зеде камионот додека работев. Морав да седам на сонце и да чекам два-три часа додека да дојде. Тогаш немаше мобилни телефони да му се јавам – се присети Џексон.

Потоа објасни што се случило кога се вратил.

  • Дојде пијан. Го презедов воланот и му реков дека не треба да вози пијан. Имав заштитна кацига, ја зеде и замавна кон мене. Веднаш се сетив што се случи кога бев дете, кога на ист начин ме удри по отеченото око. Тогаш ветив дека еден ден ќе се одмаздам.

Следувала пресметка.

  • Тој замавна со шлемот и промаши. Го запрев камионот и се обидов да го избркам. Немаше намера да замине, па решив сам да го избркам. Ме фати за врат и почна да ме дави. „Распукав“ и го нокаутирав со еден удар – додава Џексон.

Потоа веднаш му се доближил да му помогне.

  • Му пријдов на помош. Се сеќавам дека рече: „Јас сум ти татко!“, а потоа повторно заспа. Повторно успеав да го разбудам и, за среќа, минуваше полиција. Почна да вика, да прави врева и ме праша што сум направил. Му реков: „Тато, те нокаутирав“. Сакав да знае дека сам го нокаутирав. Можеше да нè убие двајцата, бидејќи кој знае што ќе се случеше ако успееше да ме удри со кацигата – раскажа ММА-борецот.

Џексон тврди дека се разочарал што реагирал така, но по овој инцидент, татко му целосно се променил. Не можел ни да поверува што се случило.

  • Не бев среќен што го удрив, но, на крајот на краиштата, откако престана да пие, се сврте кон Бога. Сакам да мислам дека таа ситуација го излекува. По тоа, никогаш повеќе не ме удри, а тоа го правеше цело време, особено по кавгите со мајка ми – изјави Џексон.

Тој е поранешен шампион на УФЦ во полутешка категорија, го освои појасот победувајќи го Чак Лидел, но го загуби една година подоцна од Форест Грифин.