Катрин Лунде која настапува за репрезентацијата на Норвешка, ќе биде подготвена за настап на претсојното Европско првенство, кое утре почнува во Данска. Таа му се стави на располагање на селекторот Торир Хергирсон, и покрај тоа што пред почетокот на подготовките објави дека е бремена.

Но, за жал, таа пред тргнувањето на експидицијата за Данска, објави нова информација, а тоа е дека го загубила детето и одлучила да и помогне на репрезентацијата на контитненталниот шампионат.

Таа на шампионатот во Данска ќе биде во сотавот на репрезентацијата, но нема да игра до третиот натпревар, барем вака соопштија челниците на Норвешката ракометна федерација.