Сексапилната русинка Викторија Одинцова со своите секси форографии на друштвената мрежа „Инстаграм“ привлече големо внимание кај машката популација, а за неа особено се заинтересирани врвните спортисти како Кристијано Роналдо, Луис Хамилтон и …

Вики (26) се занимава со манекенство, а со оглед на тоа како изгледа не чуди што од ден на ден расте бројот на нејзините следбеници на социјалните мрежи и што во неа се заљубил шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

-Имавме различни врсти на однос во одреден временски период и тоа беше многу романтично. Сега таа врска прерасна во пријателство. Јас живеам во Русија, а Хамилтон во Британија и затоа ретко се гледаме, но постојано сме во контакт преку социјалните мрежи. Јас никогаш не заборавам да му ја честитам победата, но морам да кажам дека и тој постојано ме опсипува со комплименти, откри Русинката.

Таа пилотот го запознала пред четири години во Барселона по што енергиите се споиле и почнале интензивно да се дружат. Но, признава дека во својот именик покрај телефонскиот број на Хамилтон има и контакти од многу други спортски ѕвезди и дека неодамна и се додворувал Кристијано Роналдо , но негвоите пораки не ги ни отвора, како и на Бразилецот Неимар.

-Роналдо се обиде да ме контактира, но јас ја избришав неговата порака и ништо не му одговорив. Едноставно не е мој тип, заврши сексапилната Русинка