Кога и да отвори уста, легендарниот фудбалер Пол Гаскоњ ја шокира јавноста. Популарниот Газа е познат како некој што малтретирал многу соиграчи, но сето тоа му било простено поради фантастичните игри.

Така тој раскажа неверојатна приказна од Европското првенство во 1996 година. Тврди дека пред секој натпревар на тој турнир, за среќа му го фаќал пенисот на својот соиграч од националниот тим – Лес Фердинанд.

  • Сите играчи се голи, се подготвуваат да се тушираат. Се свртив, го погледнав пенисот на Лес Фердинанд и си реков: „Да, неговиот пенис изгледа како микрофон“. Потоа го замолив да ме пушти да го земам во рака – вака Гаскоњ ја започна својата шокантна приказна.

Потоа продолжи во ист здив.

  • Ми рече да си заминам. Го молев, му реков дека ќе играм добро и изгледа сум бил на крајот од редот кога делеле таква големина на полови органи. Се свртив кон Тери Венабелс, со кого играв во Тотенхем порано, па по дополнителни барања, Фердинанд, конечно, ми дозволи. Го зедов во рака и реков: „Момци, ќе играм многу добро“.

Се покажа дека тој меч го одигра одлично, по што следуваше дуелот со Шкотска.

  • Повторно го држев пред мечот. Можете да замислите како се чувствуваше Лес кога постигнав гол против Шкотите. Во тој момент, тој, веројатно, си помислил: „О не, да те е**м“. Како што одминуваше турнирот, дојдовме до момент кога Лес би застанал на вратата и би кажал: „Ајде, Газа, побрзај“ – заврши низ смеа Гаскоњ.