На американскиот тенисер Тенис Сандгрен, на турнир во САД му се случи истото што му се случи и на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, на САД Опен во 2020 година.

Американскиот тенисер е дисквалификуван од турнирот во Кери, откако го погоди во задник со топче линискиот судија. Инцидентот се случи во вториот гем од првиот сет.

Собирачот на топшиња без да внимава го фрли топчето кон тенисерот, топчето се одби иго погоди во меѓуножјето. Сандгрен моментално се изнервира и во налет на бес го удри топшето и случајно го погоди во задник линискиот судија.

-Вечерва добив удар со топше по ма*иња од собирач на топшиња, само со малку повеќе сила, ја удрив таа топка во оградата, а таа се одби и го усри по задник линискиот судија додека одеше на другата страна од теренот. Тоа резултираше со моја дисквалификација од турнирот. Каква вечет имавте вие? , напиша Сандгрен на друштвените мрежи.

Американецот на овој начин неславно го заврши настапот на турнирот, а неговиот противник Кристофер Јубенк, практично без борба се пласираше во наредното коло.

Нешто слично му се случи и на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ на САД Опен во 2020 година. Тој беше дисквалификуван во четвртфиналето откао со топче го погоди линискиот судија во вратот.