Популарната поп-пејачка Гоца Тржан никогаш не го крие приватниот живот од своите обожаватели, а најмалку од новинарите. Така е и сега, кога зборува со одбрани зборови за Раша, вториот сопруг, во кого и понатаму е затрескана до уши:

– Дали забележувате дека ви е навистина многу пријатно во друштво на некои луѓе? Сè си оди како подмачкано, лесно, атмосферата е секогаш позитивна, почесто се смеете, секогаш сте одморени, се радувате на секој нов ден, уживате во боите на нивниот глас… а не сте вљубени во нив или, пак, не сте во емотивна врска со нив.

Верувајте ми дека посакувате да стареете и да се будите покрај една таква личност, и токму таа да ви ги бакнува усните. Јас сум мажена токму за еден мој најдобар пријател, за човек кому најмногу му се радувам. Поради тоа, лесно ми е да стареам. Бидејќи знам дека радоста е таа што ми го исполнува секој ден.

Обожавателите, судејќи според реакциите, сè повеќе од воодушевени од ова што го кажа пејачката. Велат дека е вистинска лавица и мајка – кралица! Се согласувате?  (Д.М.)