Готфридсон ќе стане најплатен шведски ракометар

71

Според информациите кои ги пласираше шведскиот весник „aftonbladet“, репрезентативецот на Шведска и член на Фленсбург, Џим Готфридсон, би можел да стане најплатен ракометар, бидејќи за неговите услуги е заинтересиран еден од најбогатите европски клубови, Киелце.

Иако, Готфридсон има договор со тимот на Фленсбург до 2025 година, раководството на Киелце е спремно да оди чекор подалеку, односно да му плати отштета на неговиот актуелен клуб и да го ангажира шведскиот ас од 2023 година.

Според медиумите во Шведска, месечната плата на Готфридсон во поранешниот освојувач на Лигата на шампионите е околу 19.000 евра, а во Киелце би била зголемена на 28.000 евра, со што би бил најплатен ракометар од неговата земја.