Пожар во куќа во Илинден, сопственикот повреден итно пренесен во болница

374

Пожар утринава избувна во семејна куќа во населба Илинден.  Противпожарните екипи веднаш отишле на лице место.

Како што информираше командантот на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, Владимир Симоновски, повреден e сопственикот на куќата кој бил сам во неа, но не од изгореници, при што бил однесен со возило на Службата за итна медицинска помош во болница.

– Кога пристигнале нашите екипи, Службата за итна медицинска помош веќе го носела сопственикоот. Дојавата за пожарот е примена во 8.10 часот, а веќе во 8.45 часот, пожарот е изгаснат – изјави за ВЕЧЕР, Симоновски.

Тој додаде дека од пожарот била зафатена кровната конструкција на куќата и потпокривот каде имало магацин во кој сопственикот чувал одредени работи кои му биле потребни за дуќанот за кожа кој го имал во Бит Пазар, така што немало голема материјална штета.

Во гаснење на пожарот биле ангажирани 5 возила и 14 пожарникари, а причината за неговото избувнување се уште не знае, бидејќи како што кажа Симоновски, екипите сеуште се на терен и расчистуваат од пожарот.

(А.П.)

фото: ВЕЧЕР