Гори депонијата во Шутка, апел од граѓаните конечно да се реши овој проблем/ВИДЕО

75

Голем пожар изби кај депонијата во Шуто Оризари, објави ТВ 21 од терен.

„Овој проблем се проткајува неколку години наназад, овде во близина на Визбегово, единствено што можам да кажам е да апелирам до надлежните, тоа пред се се општините Шуто Оризари, Бутел да го решат овој проблем, а тука да им помогне и Град Скопје и еднаш засекогаш да се реши овој проблем – вели еден од локалните жители за телевизијата.

Тој додава дека често пријавуваат во Пожарна служба и тие го гасат пожарот, но потоа повторно избиваат пожари на исто место.