Легендарниот тенисер Горан Иванишевиќ (48) ќе биде првиот ХРват кој ќе биде птимен во Куќата на славние, соопштија челниците на оваа организација.

-Ова е голема чест. Горд сум што ќе бидам челен на Куќата на славните од Хрватска. Благодарен сум му на одборот што ме одбра и на навивачите кои ми дадоа гласови во анкетата, но и на оние кои ме подржуваа во текот на целата кариера,особено Хрватите. Почестен сум и возбуден што ќе бидам во Куќата на славните, изјави Иванишевиќ.

Тој одигра 599 натпревари на АТП ттурнирите од 1991 до 2004 година, освои 22 титули , а целиот свет го памети кога како 125 играч со вајлд карта се закити со титулата на Вимблдон во 2001 година откако во финалето го победи Патрик Рафтер.

Горан е и двократен освојувач на олимписки медал од 1992 година (поединечно и во двојки со Горан Прпил). Со него годинава во Куѓата на славните ќе биде примена и Шпанката Кончита Матринез (47), осовјувачката на Вимблдон од 1994 година.

-Возбудени сме што можеме да ги поздравиме Горан и Кончита во Куќата на славните. Со нивното постигнување на теренот и начинот на преставување на своите земји и нашиот спорт засужуваат да бидат во Куќата на славните, изјави претседателот на Меѓународната куќа на славните Стен Смит.