Ете кај ги трошат (заслужено заштедените) пари, најдобро платените балкански музичари и пејачи. Секако на море Иако цело време од како трае пандемијата со коронавирусот естрадњаците кукаат како не можат да заработат ниту едно евро, така е и со мега популарните Горан Бреговиќ и Жељко Самарџиќ, кои во овие последните топли летни денови се заедно на црногорското приморје во Бока Которска.

Тие на скапата јахта пловат низ сините јадрански води и неограничено се забавуваат за своја душа. На јахтата нема девојки, нема жени, од нив во текот на животот и кариерата и на двајцата им е дојдено преку главата, па сега решија да си дадат одмор на душичката. Жељко малку да здивне и од обврските околу своите внуци, а Бреговиќ речиси од сè и ако уште не е дедо.

Популарните музичари уживаа во морски плодови, во добро вино, во добар сон на морскиот воздух, а и во песната:
„Никому не му е поубаво. Само да ни е вака секој ден. Голем поздрав од Бока Которска“, порачаа новопечените морнари Жељко и Горан. Па, сите се прашуваат дали поради немање работа на естрадата како некогаш, овие музичари сега станале морнари?  Д.М.