Горан Алачки го остави Скопје, се врати во своето Берово

858

Во Берово, маестрото моментално гради културен центар, сакајќи од Берово да направи еден поинаков град во кој постојано ќе доаѓаат странски туристи, бидејќи и самиот со странците има воспоставено најдобри комуникации.

Познатиот македонски хармоникаш и еден од најдобрите музичари Горан Алачки, се врати со полно срце во своето Берово. И тоа не би било сè. Македонија ја изненади откако ја објави веста дека дури се кандидирал за градоначалник токму на Берово. Тој е веќе таму, а таму му е и личната карта.
Во Берово моментално гради културен центар, сакајќи од Берово да направи еден поинаков град во кој постојано ќе доаѓаат странски туристи, бидејќи и самиот со странците има воспоставено најдобри комуникации. Тоа е човек што зборува со своето срце за својот народ и за својата татковина, а сега тоа ќе го покаже на дело и за беровчаните. Инаку, кој би кажал дека поминаа нешто повеќе од 10 години откако Горан се разведе од Адријана. Но и двајцата останаа во одлични родителски врски со своите деца, синот и ќерката.

Горан е сега во среќна и стабилна врска со Марина Дојчиновска, познатата авторка на сега веќе култната емисија “Македониум“, а денес исто така и успешна директорка на “Хунза Веда Клуб“.
Тие двајца не се стегаат да си ја покажат својата вљубеност, па често објавуваат заеднички фотографии од многубројните патувања. –Ни на сон не се надевав дека ќе ми се случи таква љубов во животот, на овие години. А таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме јас и Марина еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, Бразил…, раскажа со големо задоволство маестро Алачки. (Д.М.)