Гонзалес Лаја: Дигиталните сертификати за вакцинација на ЕУ ќе бидат подготвени најдоцна во јуни

49

Дигиталните сертификати за вакцинација на ЕУ ќе бидат подготвени најдоцна во јуни, рече шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.

Минатиот месец, лидерите на Европската унија се договорија да работат на сертификатите за да се обидат да стартува туризмот.

– Ако сè оди добро, ќе имаме серификат за вакцинација најдоцна во јуни. Ако може да биде во средината на мај, подобро, но не подоцна од јуни, додаде Гонзалес Лаја.

Таа додаде дека сертификатите нема да го спречат патувањето без вакцина, „но оние што имаат една ќе можат побрзо да ги преминат границите на ЕУ“.

Гонзалес Лаја за радиото „Онда Серо“ денеска изјави дека Парламентот на ЕУ се согласил да ја забрза постапката.

Но, таа предупреди дека во моментов „не е време за патување“ и дека колку повеќе луѓето се поодговорни, „толку повеќе можности ќе имаме да поминеме нормално лето.

Извор: МИА