Францускиот ракометен гигант ПСЖ промовираше ново засилување, овој пат на  голманската позиција, но на располагање ќе го имаат дури наредното лето. Станува збор за данскиот репрезентативен голман Јаник Грин, кој ќе брани уште следата сезона за Магдебург, потпиша договор на две сезони со тимот на Раул Гонзалез, што ќе биде активен од 2022 година.

Тогаш од екипата заминува Винсан Жерар, а веројатно и Јан Женти. Наследникот на Женти ќе се бара меѓу Никола Портнер, Андреас Паличка и Торнбјорн Бергеруд. Покрај Грин, во ПСЖ следното лето ќе дојде и десниот бек на Елверум, Доминик Мате, кој беше промовиран пред две недели.