Голманот Игор правеше свадба – девојката Тијана му стана сопруга

281

Познатиот македонски голман Игор Алексовски и неговата девојка Тијана Николовска беа во врска седум години пред тој да ја побара за жена, а кога ја побарал тие решиле, како што е ред, и да си направат свадба, која се случи во еден скопски ресторан. Но, пред тоа Тијана минатиот викенд правеше голема моминска забава со другарките во Белград, а Игор момчешка вечер во Скопје. Игор во меѓувреме стана и популарен голман кај нежниот пол, со оглед на својот атрактивен изглед. До неодамна беше еден од голманите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година на Европското првенство што се одржа во Полска во 2017 година. Кариерата ја почна во „Македонија Ѓорче Петров“ во 2012 година, а од 2016 до 2018 бранеше за „Вардар“. Лани Игор потпиша договор за „Шкупи“. Тијана и Игор се венчаа во црквата „Св. Петар и Павле“. За свадбата Игор избра црн елегантен костум со машна-пеперутка, а невестата е во многу убав фустан од тантела со длабоко деколте…/foto:FB/