Голем урбан настан BACK 2 SCHOOL WEEK

267

Општина Аеродром ве поканува на големиот урбан настан BACK 2 SCHOOL WEEK што ќе се одржи од 24 август до 1 септември на повеќе локации низ општината.
-Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година, соопштуваат од Општина Аеродром.
Единствената урбана забава почнува на 24 август (сабота) со настапи на ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“. На 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5, на 26 август (понеделник) во Паркот на езерата граѓаните ќе имаат можност да уживаат во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ, на 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена,  на 28 август (среда) во истиот парк ќе може да се танцува во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5, истата локација ќе биде место за луда забава, а на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;  и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.
Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.
Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Осд Општината очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.
BACK 2 SCHOOL WEEK ќе се заокружи со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18 часот, а сите ќе можат да се релаксираат со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ју-хитови.