Голем спортски настан во рамки на културното лето

155

Општина Кисела Вода во соработка со кошаркарскиот клуб „Ангели“ во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ организира голем спортски настан на отворено.

Првиот 3х3  Fiba endorsed турнир „Кисела Вода 2019“, на 30 и 31 август, со почеток во 17 часот ќе се одржи на спортските терени во училишните дворови на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населбата Драчево и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. На него, покрај официјалниот 3х3 турнир на кој што ќе учествуваат најдобрите 16 екипи, кои ќе играат по официјални 3х3 правила, ќе биде организиран и „Баскет турнир“ по стари маалски правила.

На 1 септември со почеток во 22 часот финалниот натпревар ќе се игра во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. За најдобрите КК „Ангели“ од Кисела Вода обезбеди награден фонд од над 100.000 денари.