Голем протест во Белград против загадениот воздух

49

Неколку илјади луѓе се собраа на централниот плоштад во Белград, главниот град на Србија, во знак на протест поради лошиот воздух.

Ова беше трет по ред протест против загадувањето на Белград, кој го организираше невладината организација „Еко заштита“.

Илјадници граѓани се собраа во центарот на градот за да го изразат своето незадоволство од високото ниво на загаденост на воздухот во целата земја. Протестот помина мирно со аплаузи и поддршка за сите лекувани во болниците и сите борци за чист воздух, пишува белградскиот весник „Данас“.

Еко заштита најави дека во следните две недели ќе има протести против загадувањето на воздухот низ цела Србија. Тие ги повикаа учесниците да поддржат и помали населени места.

„Луѓето вчера беа претепани затоа што ја бранеа својата татковина – системот се соочува со граѓанска војна. Се соочуваме со огромни предизвици. Никој нема да биде напуштен. Меѓу нас постои целосна солидарност. Проблемите со загадувањето се пикнати под тепих. Белград е меѓу последните места во однос на чистотата на воздухот. Секој ден од загадувањето умираат по 50 луѓе, а секоја година над 1500, што е многу повеќе од коронавирусот. Не мора ни да го мериме загадувањето. Го гледаме, го чувствуваме и ни ги убива децата“. Ова на почетокот на протестот го порача Бојан Симишиќ од Еко заштита.

На протестот имаше транспаренти на кои пишуваше: „Излези и одбрани се“ и „Нè задушувате“. Демонстрантите се собраа и пред зградата на претседателството. На протестот имаше многу млади семејства со колички со деца.