Голем пожар во атарот на росоманското село Паликура

77

Голем пожар избувна вечерва во атарот на росоманското село Паликура.

Од Противпожарната единица од Кавадарци за МИА потврдуваат дека вложуваат максимални напори да се справат со огнот кој зафатил околу 20 хектари трева и нискостеблеста шума, но и површини со земјоделски култури.

– Пламените јазици опфатија ниви главно со пиперки „куртовска капија” од кои се прави ајвар, но и лозја, праскови дрвца. Пожарот се движи кон блиските викендици и вложуваме максимум од себе огнот да не зафати објекти, а штетите да бидат што е можно помали, нагласуваат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Оттаму додаваат дека на терен е испратено едно противпожарно возило и четворица пожарникари.