Голем пожар беснее во близина на Атина/ВИДЕО

52

Голем пожар беснее во шумскиот предел, во близина на Атина. Грчките власти евакуираа неколку подрачја северно од Атина откако пожарот ги зафатил шумите и претставувал закана по куќите.

Со пет канадери и четири хеликоптери се гасеа  пожарите во подрачјата Стамата и Родополи, 30 километри североисточно од главниот град. Жителите на ова подрачје примиле предупредување на мобилните телефони и се повикани вратите и прозорците да ги држат затворени што е можно подолго за да не би биле изложени на чад.