На големо изненадување за многумина екипата на Басконија е новиот кошаркарскио шампион на Шпанија, откако на завршниот турнир во Валенсија во големото финале ја победи големата Барселона со 69:67. Натпреварот мина во жестока битка на теренот и тактичко надмудрување на двајцата тренери, Душко Ивановиќ и Светислав Пешиќ.

Најефикасни во победничкиот тим беа Вилдоза со 17 и Шенгелиа со 14 поени, додека прв стрелец кај каталонците беше Ертел со 21 кош.