Германецот Јост Капито е избран за нов шеф на тимот на Вилијамс, кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот.

Вилијамс во досегашната кариера во Формула 1 има 114 победи, додека последната ја забележа венецуелскиот пилот Пастор Малдонадо во 2012 година на трката во Шпанија.

Тимот нема освоено ниту еден бод во тековниот шампионат, а сегашни возачи се Британецот Џорџ Расел и Канаѓанецот Никола Латифи.

Главниот инженер на тимот ќе биде назначен пред трката за Големата награда на Франција, која е закажана за 20 јуни.