ГОЛЕМА ТРАНСФОРМАЦИЈА:  Џорџ Клуни поубав сега отколку пред триесетина години

138

Џорџ Клуни (58) денес важи за еден од најмаркантните мажи, а на неговиот шарм ретко која жена може да одолее. Но, секогаш дотеран и до совршенство среден Џорџ Клуни не бил секогаш таков. Деновиве на интернет се појавија фотографии на Клуни од 1980-тите и 1990-тите, на кои може да се види неговата трансформација со текот на годините, и во ликот и во начинот на облекување.

За многуте негови фанови со возраста тој станал уште поатрактивен, па дури повеќето би кажале дека годините само му додале од шармот. Иако неговиот лик не се променил толку многу, кога станува збор за неговата коса тука приказната е сосема поинаква.

Тој денеска има кратка седа коса по која стана препознатлив, додека во осумдесеттите и деведесеттите, имал долга коса и тоа со шишки.

Голема трансформација во меѓувреме претрпел и неговиот стил на облекување.

Додека порано често можеше да се види во кожна јакна и тексас фармерки и, се разбира, со неизбежна марама, денес, 58-годишниот Клуни избира совршено прилагодени класични костуми, што секако многу подобро одговараат на неговата возраст. Воопшто и не зачудува фактот што со своја појава успеал да ја шармира и преубавата адвокатка Амал.