Челниците на АБА лигата донесоа неколку важни одлуки пред стартот на новата сезона. На годишното Собрание, кое се одржа „он-лајн“, најголемата промена се однесува на плеј-офот.

Од оваа сезона во разигрувањето за титулата ќе влезат првите шест клуба. АБА реши во плеј-офот, директен пласман во полуфиналето да изборат најдобрите два тима, додека екипите кои ќе се пласираат од третото до шестото место, ќе разигруваат за место во полуфиналето и тоа по системот третиот против шестиот и четвртиот против петтиот. Полуфиналето ќе се игра на две, а финалето на три победи.