Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден стејт, го совлада Портланд со 114:111 и поведе со 2-0 во финалната серија од плејофот во Западната конференција.

До триумфот „воините“ дојдоа по голем резултатски пресврт направен во второто полувреме, откако по првите две четвртини „блејзерс“ имаа предност од 15 разлика (65:50).

Исто како и на првиот натпревар одигран пред два дена, предводниците до успехот на домаќините беа Стеф Кари со 37 поени, по осум асистенции и скокови и Клеј Томпсон со 24 коша. На спротивната страна Демијан Лилард запиша дабл-дабл ефект од 23 поени и 10 скока.

Вечер во 2:30 часот се игра вториот дуел во финалето на Истокот каде Милвоки води против Торонто со 1-0 во серијата прв до четири победи.