Кошаркарите на Голден Стејт се новите шампиони во НБА лигата. Вориорс стигнаа до четвртата титула во последните осум години.  Голден Стејт во шестиот натпревар од големото финале славеше над Бостон со 103:90 и со вкупни 4-2 стигна до третиот трофеј во последните шест сезони.

Тимот на Сан Франциско ја освои вкупно седмата титула во својата историја (1947, 1956, 1975, 2015, 2017, 2018, 2022 година).

Стеф Кари е прогласен за најкорисен играч во финалната серија на НБА лигата.

По последната послаба партија Кари се врати на рекордните патеки, мечот го заврши со 34  поени, седум асистенции и украдени топки.