“Гола месечина“ почнува со “Театар комедија“

120

Традиционалниот фестивал „Гола месечина“ во соработка со „Театар комедија“ почнува од наредниот понеделник, 28 септември, и ќе трае до 3 октомври.

Поради пандемијата, а во согласност со здравствените протоколи, ќе се одржи на фудбалското игралиште покрај градинката „Сонце“ во Реонски центар со сите запазени мерки за безбедно следење на фестивалот.

Претставите ќе бидат од македонска продукција, а ќе почнуваат од 20 часот.