ГОЗБА ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Што подготви Путин на менито за кинескиот лидер?/ФОТО

196
EPA-EFE/SERGEI KARPUHIN

Кинескиот претседател Си Џинпинг од вчера е во посета на Москва, на средба со рускиот претседател Владимир Путин. По разговорот за кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство, важните меѓународни и регионални работи и за унапредување на практичната соработка меѓу двете земји протекоа некои интересни, но прилично ситни детали, како на пример што вечерале овие двајца државници, пренесува Sky News.

На менито имало вкупно седум јадења. Предјадењето наводно е направено од морска храна од Далечниот Исток, палачинки со потполошки и печурки, рибја чорба од есетра со прилог пита и шербет од калинка.

Главното јадење било дивеч со сос од вишни и риба нелма (сибирски бел лосос) од реката Печора, во комбинација со зеленчук. За десерт била послужена познатата руска класика, Павлова торта, која се подготвува и кај нас, и е многу популарна.

Со јадењето биле послужени и две вина од руската винарија Divnomorskoie Estate, пишува Mondo.